Бизнисмен доживеа страшна несреќа во атинската населба Колонаки, паѓајќи од третиот кат во станбена зграда во раните утрински часови во вторникот на 6 септември.

Во изјава за protothema.gr тој ја отфрли можноста за криминално дејствие, велејќи дека се работи за несреќен случај без да навлегува во повеќе детали.

Тој ги окарактеризира како измислица објавите кои се однесуваат на инцидентот и особено сумата на пари што наводно ја имал врз себе кога паднал.

За негова среќа, тој е спасен благодарение на тврдата и издржлива тенда на кафулето „Перос“ на улица „Цакалов“ бр.2 и навремената реакција на полициските службеници кои во тој момент биле на плоштадот во населбата Колонаки.

„Во добра здравствена состојба сум, не сум хоспитализиран, само ги повредив нозете“, рече тој. Неговото семејство одржува еден од најстарите бутици за облека во Атина, кој го води неговата сестра.

Грчките медиуми вчера објавија дека мистеријата е уште посложена бидејќи, при неговиот пад, тендата и улицата се наполниле со банкноти кои ги носел 35-годишникот и кои надминале 50.000 евра.