Момчето убиец (13) кое со пиштолите на татко му уби осум врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“, ниту денеска, шест дена по монструозниот чин, не се кае. Тој е во изолација на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, сосема смирен и има само две прашања: „Кога излегуам од тука?“ и „Какви се реакциите на она што го направив?“.

Според „Блиц“, момчето убиец не побарало никаков контакт, ниту пак побарало да се види со родителите. – Нема барања, не ни праша за родителите. Единствените интереси му се кога излегува и какви се реакциите на неговиот чин – вели изворот на „Блиц“.

Опишувајќи ја моменталната состојба на момчето, изворот на „Блица наведува дека момчето убиец размислува и се однесува како да е во прашање моментот кога ќе ја напушти Клиниката, односно кога ќе биде на слобода. Тој го чека тој момент и очигледно е убеден дека треба да биде деновиве.

Момчето очекува дека луѓето ќе му скандираат под прозорецот

– Второто прашање што го поставува е каков импакт остави, какви реакции. Што се случува надвор и тој очекува да биде популарен. Неговите очекувања се буквално дека ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе му скандираат – објаснува нашиот соговорник. Како што дознаваме, на седмоодделенецот не му даваат ниту седативи, бидејќи е „сосема мирен“. Не му требаат.

Лекарскиот тим работи на утврдување на фактите и состојбата на момчето, што му претходело на монструозниот чин, но и за време на егзекуцијата. Престанал да ги убива пријателите иако имал уште два шаржери муниција, односно 34 куршуми.

Како што пишува Блиц, тој ја прекинал својата крвава гозба бидејќи почувствувал дека „останува без здив“. Во сета своја жестокост, децата кои преживеале биле се спасиле поради „напад на паника“ што го имало ова момче во еден момент. Излегол во дворот, го оставил пиштолот и повикал полиција.

Да потсетиме, невидената трагедија во Србија се случи на 3 мај во белградското основно училиште во Врачар, кога ученик од седмо одделение влегол во училиштето со оружјето на неговиот татко. Прво го убил училишниот чувар Драган Влаховиќ и дежурните ученички, а потоа дивеењето го продолжил низ училишната сала до канцеларијата за историја. Таму уби пет свои врсници, рани наставничка по историја и уште шест ученици.