Вчера на 46-годишна возраст во Рума почина креаторката на кукли, актерка и режисерка Санела Милошевиќ.

Актерката и креаторка е родена во Рума во 1977 година, а дипломирала кукларство на Академијата за изведувачки уметности во Софија.

Како куклaр и режисерка на куклени претстави, работела во десетина театри низ светот.

Добитник е на бројни награди за кукларство во Србија, Италија, Хрватска, Словенија, Македонија, САД, Емиратите и Австрија. Основач на театарското студио Нада (Студио Nada Nadatheatre – Театар и видео продукција).

Нејзините кукли беа дел од телевизиската програма на RTS (Matematičke priče, Svemirska princeza, Govorite li mrnjao, Kuvate li mrnjao), PINK (Nikad izvini), TV Apola (Zu), RTV Montenegro (Vaso s Mars).