Македонската снаа Едуарда Аморим Талеска и нејзиниот сопруг Деан Талески го добија своето прво дете.

Бразилката која минатата сезона ја заврши играчката кариера се посвети на семејството и стана мајка на Идалина. Радосната вест некогашната членка на Кометал Ѓорче Петров, Ѓер, Ростов Дон и ЧСМ Букурешт ја сподели на социјалните мрежи.

Аморим по завршувањето на кариерата како играч, беше дел од стручниот штаб на женската репрезентација на Македонија за баражот за СП против Украина.

Нејзината сестра, Ана Каролина Аморим, која своевремено исто така беше дел од Кометал Ѓорче Петров сега живее во Бразил и има политички ангажман.