Американскиот спортски новинар Грант Вол (49) починал на Светското првенство во Катар како последица од срцев проблем, објави денеска неговото семејство.
„Грант имал руптура на крвниот сад кој ја пренесува крвта од срцето. Неговата смрт е последица на слабеење на ѕидот на артеријата коe доведува до аневризма. Аутопсијата е извршена во Њујорк и утврдила дека Вол доживеал катастрофална руптура на асцедентната аорта која ја пренесува оксигенизираната крв од срцето“, се наведува во официјалното соопштение.
Аутопсијата воедно стави крај на шпекулациите за тоа што довело до смртта на новинарот кој во Америка беше еден од најпознатите во светот на тамошниот фудбал.
Се ширеа и лажни шпекулации за тоа дека смртта на Вол е поврзана со вакцинацијата или има врска со неговите критики кон катарските власти поради смртта на мигрантите кои работеле на изградба на стадионите.
Неколку дена пред да почине, Вол чувствувал тешки симптоми на настинка, а на социјалните мрежи напишал дека чувствува како телото му се „крши“ поради недостиг од сон.
Неговата сопруга истакнала дека е утврдено дека настинката и другите симптоми немале никаква врска со неговата смрт, а неговиот брат Ерик Вол ги повлече своите тврдења дека новинарот починал како последица од крвно згрутчување и дека бил убиен.
Be the first to write a comment.