Некогаш детските родендени не можеа да поминат без торти „Спајдермен“ или „Барби“, многу балони, детски овации, „среќниците“ имаа можност за роденден да угостат кловн или магионичар, кој ќе изведе неколку трикови.
Вообичаено место за роденденски прослави на децата беа игротеките со тобогани и шарени топки, а подоцна „во тренд“ беше прославата во популарните ресторани за брза храна. На социјалната мрежа Твитер неодамна стана вирална фотографија од модерна детска прослава на роденден која ги запрепасти сите корисници на Твитер.
Имено, на фотографијата за која не се знае точно каде е направена, во преден план е гола стриптизета која ја држи долната облека која веќе е украсена со пари, ја држи со едната рака и чека девојката до неа да останатите пари ги стави во долната облека. Во позадина, зад стриптизетата и девојчето, се балони и родители кои со насмевка на мобилните телефони ја снимаат оваа ситуација.
Оваа фотографија предизвика лавина негативни коментари, но дури по некое време беше забележан вистински проблем кој ја направи оваа дискусија вирална. Имено, многумина веруваат дека ангажирањето стриптизета за роденден на детето директно води до проблемот на современото општество – сексуализација на децата.
Во продолжение на дискусијата се појави видеото „Drag Queen“ која облечена во црвени, тесни, латекс комбинезони провокативно игра на роденденот на децата додека ги допира и индиректно ги кани на танц, а ова видео е направено во Тексас.
Drag Queen dances for children in Dallas, Texas. pic.twitter.com/uqoFWZMFAT
— Isabella Riley (@isabellarileyus) June 4, 2022
Be the first to write a comment.