Две лица ги загубиле животите во поплавите во Голема Малесија, на северот на Албанија.
Станува збор за Пјетр Ѓока (50) и неговиот син, додека неговата ќерка се спасила. Ѓока со децата патувал со автомобил кога надојдените води го повлекле возилото.
Девојката успеала да ја отвори вратата и испаднала од возилото при што на помош и пристапиле случајни минувачи. Во водите на надојдената река кај месноста „Грик Луѓе“ кај Шкрел се гледа само дел од возилото.
На местото на трагедијата се полициски сили, нуркачи, пожарникари, а се упатени и групи на специјалната единица за брзи интервенции.
Be the first to write a comment.