Аххх бре Ванче, замина без да се простиме…, а ти ветив дека после Велигден се гледаме на состанок во Кратово. А сега што? Ќе дојдам утре непланирано…, ќе дојдам утре да те испратам кон твојот вечен дом.

ВМРО-ДПМНЕ во Кратово не загуби Претседател туку голем човек. За жал судбината така сакаше, твојот живот запре, но останаа делата и нашата почит кон твојата личност.

Почивај во мир братко, ќе се најдеме таму горе некаде и ќе го продолжиме тоа што не успеавме да го завршиме тука заедно.

(ФБ статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски)