Сезоната на одмори е во тек, а туристите секојдневно ги споделуваат своите искуства од одморот, разменуваат информации и ги препорачуваат најдобрите понуди.
Од друга страна, предупредуваат и за оние места каде не си поминале баш најдобро.
Така, во Фејсбук групата во живо од Грција, еден корисник по име Зоран објави фотографии од сместувањето кое го чекало во одморалиштето Сарти во Грција.
На фотографиите кои ги објави се гледа валкана печка, а има и сцена од бањата каде WC школката без капак е во неприфатлива состојба.
Оваа објава предизвика лавина коментари и додека повеќето ја осудуваат нехигиената и тврдат дека вакво нешто е недозволиво, има и такви кои се водат по принципот „колку пари, толку музика“.
„Па зошто си прифатил?“, „А што очекуваше ти за 40 евра…хотел со 6 ѕвезди?“, „Не ги разбирам луѓето кои летаат за Грција само за извршат „инспекција“ во смествувањети. Не се вселивте во апартманот трајно, вие ќе бидете таму само околу 10 дена. Уживајте во морето“, се дел од коментарите.
Од друга страна, повеќето го осудуваат овој вид на изнајмување стан и наведува дека без разлика на цената, сместувањето мора да биде чисто.
„Прочитав коментари од типот, а што очекуваше за 40 евра“ и слично. Сместувањето мора да биде чисто и уредно. Не е важно дали е 40 евра или 110 евра на ден. Извадете ги главите од песокот и погледнете наоколу, да плаќал и по 10 евра на ден што вклучува валкан апартман?
Јелена се најде во слична ситуација како Зоран. Споделила и фотографии од сместувањето кое го плаќала по 70 евра дневно.
„Не верувам дека некој бара луксуз за такви пари, но колку и да чини, мора да биде чисто. Сопствениците можеле малку да го исчистат тоа решо“.
Be the first to write a comment.