Поранешниот фудбалер на Иран, Али Даеи е осуден на смрт затоа што учествувал на протест заедно со уште 15.000 луѓе по убиството на Махса Амини поради неправилно носење на хиџаб.
Јавноста е шокирана затоа што познатиот фудбалер, кој постигна 109 голови за репрезентацијата на Иран добил жестока казна, но сè уште постои надеж дека властите ќе ја променат одлуката.
На Даеи минатиот месец му беше одземен и пасошот поради истиот случај, откако претходно обвини за полициско насилство и напад врз демонстрантите.
Даеи ја повика владата на Иран да ги реши проблемите на народот наместо да користи насилство, но очигледно тоа не им се допадна на властите, па решија да го казнат.
Be the first to write a comment.