Ивана Благојевиќ имала само 24 години кога починала на сопствената свадба во Братунац на 28 септември 2008 година.
Несреќната девојка се подготвувала да заигра на омилената песна од Аца Лукас, „Почните без мене“, пред да се сруши среде ресторанот каде го славела најубавиот ден во својот живот, сведочат сватовите.
Ивана починала на лице место, а лекарите констатирале дека причината за смртта е срцев удар.
Трагедијата се случила само неколку часа откако и официјално му рекла „ДА“ на долгогодишниот партнер Драго Благојевиќ. Тој неодамна низ солзи раскажа дека се’ уште не може да се помири со загубата.
„Со години се забавувавме и сонувавме за заеднички живот. Едвај ја дочекавме свадбата, со месеци ја подготвувавме. Докторите кажаа дека едноставно ѝ пукнало срцето од преголема среќа“, изјави тој.
Во таа прилика Драго објасни дека неговата сакана никогаш немала проблеми со срцето.
„Не се пожали на никакви болки. Се венчавме во црква, а потоа и во општина пред да заминеме во салата на поранешна „Картонажа“ во Братунац каде се наоѓа ресторанот. Дојдоа неколку стотици гости. Журката почна, сите беа весели. Ивана стана да заигра на својата омилена песна од Лукас. Колку што се сеќавам беше шест попладне. Само што стана се сруши на подот. Прво помисливме дека ѝ се слошило од умор и преголема возбуда. Но, таа не даваше знаци на живот. Сите се собравме околу неа, а потоа ја однесовме в болница. За жал, ѝ немаше спас“, се присети ожалостениот сопруг.
Be the first to write a comment.