8-годишно дете од селото Агиос Николаос на Крит е хоспитализирано во тешка состојба откако го удрила коза.
Според информации на грчките медиуми, животното од засега непозната причина со голема сила го удрило детето, нанесувајќи му тешка повреда во пределот на вратот.
Детето се онесвестило додека оние кои биле сведоци на инцидентот се смрзнале и веднаш била повикана Брза помош, која дошла на местото на настанот. Медицинарите, откако го имобилизирале детето, го префрлиле првично во болницата „Агиос Николаос“.
Меѓутоа, поради сериозноста на неговата состојба, детето итно било префрлено во болницата во Ираклион. Всушност, не е исклучено негово префрлање во специјализирана болница во Атина.
Be the first to write a comment.