Како што дознава „Блиц“, синоќа ѝ биле одземени децата на жената која брутално претепа тригодишно девојче.
– Полицијата вечерва дошла со лица од Центарот за социјална работа и ги однела децата – потврдил за „Блиц“ сопругот на жената која го претепала нивното дете.
Имаат и едногодишно момче, кое исто така синоќа ѝ било одземено. Во центарот за социјална работа е закажан разговор.
Како што дознаваат српските медиуми од жителите на населеното место Гроцка, оваа жена често се гледа низ градот како проси со своите деца.
Да потсетиме Србија ја потресе грозоморно видео на кое мајка брутално тепа дете и упатува страшни закани. На грозоморното видео може да се види како жена брутално тепа беспомошно девојче на возраст од околу една и пол година. И додека со едната рака го држи девојченцето за рачињата, со другата безмилосно го удира.
-Нашиот Зоран е во затвор заради тебе. Тоа ти е за Зоран, вика жената додека го тепа детето.
На крајот грубо го фрла на под. На видеото се гледа уште едно дете кое цело време плаче.
– Се уште не сум готова. Цел ден ќе те тепам, вика жената додека девојчето се бори за здив.
Dušu sam isplakao. Može li masovni RT i molba, PREKLINJANJE da neko prijavi ovu stoku koja se iživljava nad detetom kao i osobu koja snima bez reakcije pic.twitter.com/FwzNpAwVlM
— Padre di Angela (@RedakDingospo) October 26, 2022
Be the first to write a comment.