Скопското астрономско друштво, денеска им овозможи на минувачите на плоштадот „Македонија“, безбедно и одблиску да го набљудуваат делумното затемнување на Сонцето.

Во центарот на Скопје инсталираа моќен телескоп, преку кој скопјани го набљудуваа затемнувањето на Сонцето.

Од Македонија, денеска, по подолго време имавме можност да го видиме делумно затемнување на Сонцето. Кај нас, Месечината ќе го прекри дискот на Сонцето околу 30-тина проценти.

Целосно затемнување на Сонцето се случува на секои 18 месеци, меѓутоа не секој од овие настани може да се види секогаш, туку зависи од тоа во кој дел од светот се наоѓате.

ФОТО: Б. Грданоски (Независен)

Настанот почна околу 11.30 ч., максимумот на затемнувањето се случи околу 12.30 ч., а затемнувањето ќе заврши околу 13.30 ч.

Скопјани во редица чекаа за да погледнат низ окното на телескопот и одблиску да го видат овој природен феномен.

Времето се погоди сончево, со што непречено можеше да се набљудува затемнувањето, а од Астрономското друиштво на граѓаните им делеа совети како безбедно да го набљудуваат затемнувањето, без да имаат последици по видот.

Затемнувањето на Сонцето е астрономска појава што се случува кога Месечината на нејзиното движење ќе се најде меѓу Земјата и Сонцето и делумно или целосно го покрива сончевиот диск.

Во прилог фотографии од затемнување на сонцето од Meteo Balkans:

📸

📸

📸

📸

📸