Голманот на Баерн, Мануел Нојер (36) поради повреда веќе пропушти четири натпревари, а додека се опоравува од контузија на рамото, Билд го „улови“ одличниот голман на влезот во клупскиот камп, каде што дојде на рехабилитационен третман во повеќе од луксузна облека.

Нојер носеше скапи патики од Диор – модел B23 High-Top Oblique Canvas во бела и црна боја, чија цена е неверојатни 1.000 евра. Но, не само тоа, германскиот голман носеше и дуксер од Прада со качулка од 1.150 евра, како и чанта која чини 720 евра.

Нојер потоа ја замени скапата облека со тренинг опрема, вежбајќи на ергометар и возење велосипед, сето тоа под будното око на тренерите на Баерн, кои внимателно го планираат неговото враќање на теренот.

Извесно е дека Нојер поради повредата ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Барселона на Ноу Камп, додека тренерот Јулијан Нагелсман се надева дека ќе го врати на теренот веќе во сабота против Мајнц.

За потсетување, Мануел Нојер ќе остане во Баерн до јуни 2024 година, откако во мај потпиша нов договор.