Веќе е познато дека Саша Поповиќ е љубител и колекционер на сериозни и ретки примероци на спортски автомобили, а сега го покажа и своето најново „милениче“.

Саша Поповиќ денеска пристигна во студиото во Кошутњак со ново „порше“ од околу 180.000 евра. Упатените тврдат дека тој е единствениот во шоуто кој го вози овој модел.

Саша е голем љубител на луксузни возила, а поседува и вистински возен парк. Покрај најновото Порше има и БМВ за кое наводно платил 150.000 евра, поседува и смарт кој го користи за градско возење, кој вреди околу 10.000 евра, како и „мерцедес ГЛ 350“ од 67.000 евра.

Саша Поповиќ вози и „мерцедес ML 320“, како и два електрични автомобили БМВ чија вкупна вредност е близу 200.000 евра, а кога се ќе се собере, Саша Поповиќ само за автомобилите одвоил речиси 600.000 евра.

Погледнете го најновиот автомобил:

📸