Мекензи Кроксфорд-Кук (14) од Кент, починал на 3 август годинава откако илегално влегол во затворениот забавен парк. Заедно со своите пријатели провалил во просторот на паркот и скокал на трамболина и други атракции пред да се заглави на една од нив и да го загуби животот.
Истрагата за неговата смрт требало да заврши денеска, но судијата Катрина Хепберн го одложила читањето бидејќи сака да го испраша возачот на возилото, Лук Шафлеботом, како и окружниот совет на Довер, кој ја поседувал земјата.
“Мекензи и неговите пријатели се возеа надвор од работното време на забавниот парк, кое заврши трагично. Прашањето е колку беше безбедно возењето и како момчињата добија пристап до паркот”, изјавила Хепберн, а пренесува Дејли мејл.
„Немам докази како локацијата била оградена и кој ја надгледувал областа во 1 часот по полноќ“, додаде таа.
Момчињата изјавиле дека Кроксфорд-Кук се качил на возилото Body Count и покрај тоа што го молеле да се симне. Откако се искачил, се лизнал и паднал. Обдукцијата покажала дека градите му биле згмечени и дека починал од трауматска повреда на црниот дроб и слезината.
Полицијата утврдила дека не се работи за кривично дело, односно дека се работи за немил настан, но надлежните покренале истрага за околностите на неговата смрт, каде било утврдено дека немало безбедносен надзор во паркот кога малолетните пристигнале.
Be the first to write a comment.