38 годишна жена се води како осомничена откако во хотелска соба во грчкиот град Ираклион фрлила каустична течност (мешавина од азотна киселина и витриол) врз нејзиниот 36-годишен поранешен сопруг, лице со тешко криминално досие, со што му нанела тешки и видливи повреди.
Жртва на нападот е 36-годишниот Ѓ.М., кој неодамна излегол од затвор откако одлежал само седум години од вкупната казна од 38 години што му беше изречена за пет разбојништва, еден обид за разбојништво, подметнување пожар и тешка кражба извршени од од 2012 до 2015 година!
36-годишникот е хоспитализиран со изгореници од втор степен во болницата Пагни. Забележано е дека мажот бил пренесен во болница со приватно превозно средство. Има изгореници од втор степен на лицето, очите, вратот и рацете.
Така, вчера попладне поради неговата тешка состојба, тој од Крит е префрлен во Атина, поточно во Тријасио, на специјално одделение за изгореници. Всушност, според информациите од локалните медиуми, 36-годишникот е во опасност да го загуби окото.
„Живееше пекол“, велат нејзините роднини
Од своја страна, роднините на 38-годишникот за грчките медиуми ја опишуваат напнатата врска што ја имале двајцата. Нејзините блиски роднини тврдат дека жената живеела вистински пекол и често била соочена со закани и тепања. Неговото минато зборува само за себе“, велат нејзините роднини за protothema.gr.
„Таа помина низ многу за да дојде до оваа точка. Тоа не се случи преку ноќ и без значајна причина. За тоа зборува и минатото на нејзиниот поранешен сопруг. Претрпела многу и во одреден момент ќе се чувствува подготвена да го каже тоа пред надлежните за да можат сите да ја разберат драмата низ која минувала“, додаваат тие.
Според информациите на protothema.gr, каустичната течност што 38-годишната ја фрлила на 36-годишниот е мешавина од азотна киселина и витриол, сместена во шише.
Be the first to write a comment.