Поранешниот јапонски репрезентативец Масато Кудо, почина на 32-годишна возраст, после операцијата на мозокот, објави неговиот клуб Тегевахаро Мијазаки. На Кудо му беше дијагностициран хидроцефалус, односно собирање на вода во мозокот, поради што е хоспитализиран на 3. октомври.
Најдобрите години во кариерата Кудо ги имаше во 2013 година кога беше клучен играч во трката на Кашива до полуфиналето на азиската Лига на шампиони со шест гола во 12 натпревари. Таа година запиша и четири настапи со два гола за репрезентацијата на Јапонија.
Кудо во својата кариера играше за Кашива, Ванкувер, Санфрес Хирошима, Бизбејн Роар и од 2022 година е дел од Тегевахаро Михазаки. Вчера бил подложен на операција на мозокот, и почина од компликации после операцијата.
Be the first to write a comment.