Борис М.(18) и Дејана Н.(17) загинаа во страотен судар што се случи вчера на патот Инѓија – Бешка во Србија.
Тинејџерите починале на самото место, а несреќата наводно ја предизвикал возачот на „мерцедесот“ С.Б.(83) од Крчедин, кој не му отстапил првенство на минување на возачот на мотоциклот и кој набргу по оваа трагедија бил уапсен.
Наводно, возачката дозвола на возачот кој ја предизвика несреќата истекла пред осум години.
– Дејана го загуби животот на местото на несреќата. Кога слушнавме за трагедијата, ни кажаа дека Борис се бори за живот, но не ја доби таа битка – вели извор близок до момчето кое во шок го загуби животот.
Тој додава дека Борис бил примерно дете и и за секоја пофалба.
Be the first to write a comment.