Борис М.(18) и Дејана Н.(17) загинаа во страотен судар што се случи вечерва на патот Инѓија – Бешка во соседна Србија.
– Двајцата тинејџери починале на лице место, објави вечерва Блиц.рс.
Според првите информации, несреќата најверојатно ја предизвикал возач на „мерцедес“ С.Б. (83) од Крчедин кој не му дал првенство на минување на возачот на мотоциклот.
Трагедијата се случила нешто по 17 часот, на клучката каде според очевидци често се случуваат несреќи при влегување од спореден пат.
Истрагата е во тек, а сообраќајот е во прекин.
Be the first to write a comment.