Има трагични случаи кои ја обединуваат целата земја во тага и сочувство. Една од нив е смртта на младиот Алмедин Дугалиќ од Тешањ (Босна и Херцеговина), кој почина на прославата на својот 18-ти роденден, пишуваат босанските медиуми.
– Наводно, неговите пријатели му ставиле некои супстанци во пијалокот. Сепак, веројатно претерале, поради што му се слошило. Секогаш бил повлечен, па претпоставувале дека сакале да видат како ќе реагира на тоа – рекол братучедот на починатиот млад човек, чии лекарски напори не успеале да му го спасат животот, пишува 072инфо.
– Алмедин Дугалиќ во 4 часот бил донесен со Брза помош и препратен во Општа болница во Тешањ. По неуспешните обиди за реанимација, во 6.40 часот била констатирана смрт, изјави за 072инфо Елведин Фишек, портпарол на МВР на Зеничко-добојскиот кантон.
– Уапсени се четворица пријатели, двајца се синови на полицајци, па се’ се прикрива. Алмедин бил мртов пред да биде пренесен во болница. Двајца пријатели побегнале од куќата кога слушнале дека тој починал, изјави анонимен извор за 072инфо.
Босанската јавност со нетрпение ги очекува резултатите од истрагата, дали навистина младиот човек бил издрогиран? Се очекува и потврда на тезата дека осомничените се синови на двајца полицајци, дали некои од нив се во бегство и дали ќе бидат уапсени.
За жал, животот на мирниот млад човек несреќно заврши на самиот почеток, на прославата на неговото полнолетство.
Be the first to write a comment.