„Што и да правам, луѓето мора да кажат нешто за тоа“, рече Остин на забавата на Fandom во Њујорк овој вторник.
-Ако си мајка, сигурно си го бањала детето во мијалник – тврди 43-годишната Коко, која не верува дека тоа „наеднаш им е чудно на луѓето“.
Имено, манекенката минатиот месец се соочила со жестоки реакции бидејќи ја снимила својата ќерка, која ја дели со сопругот Ајс-Т, како се капе во кујнскиот мијалник.
-Досега сигурно веќе сфативте дека сум неконвенционална мајка – се бранеше набргу откако почнаа да се слеваат негативните коментари.
Wow just Wow! Here we go again! Giving my lil girl a bath in the sink went Viral? SMH!People,you gotta know by now that I'm an unconventional mother. I do what works and is easier on me. Some may want to take some pointers rather than rag on me! https://t.co/OBzvbNnZDJ
— Coco (@cocosworld) September 25, 2022
– Го правам тоа што ми се допаѓа и што ми е полесно. Некои можеби ќе сакаат да преземат некакви насоки наместо да ме навредуваат! – рече Коко.
Дури и нејзиниот 64-годишен сопруг застана во одбрана и рече дека треба да се навикне на „негативноста на интернетот и социјалните мрежи“.
– Мислам дека со социјалните мрежи треба да очекувате коментари. Значи реакцијата ќе биде позитивна или негативна. Затоа, единствен начин да ги спречите да го коментираат вашето дете е да не објавувате – тврди раперот.
Сепак, парот, кој е во брак речиси 22 години, реши да не ги зема при срце коментарите на непознатите.
Инаку, Остин во минатото беше критикувана поради тоа што носи оскудна облека во друштво на нејзината ќерка, како и поради тоа што му дозволува на детето да прави француски маникир.
Be the first to write a comment.