Се самоуби Енес Одобашиќ, Босанецот кој пред два дена во градот Бихаќ ја задави својата сопруга Едина (32).
Се уште не е познат мотивот за грозоморното убиство, а единствено досега откриено е дека во вторникот во утринските часови ја убил сопругата, а потоа побегнал. По него полицијата трагаше два дена, а денеска беше пронајден обесен.
Возилото со кое стигнал до местото каде што се самоубил било пронајдено. Енес бил пронајден обесен покрај реката Уна од рибар. Како што раскажува тој, отишол на риболов и начекал шокантна глетка.
– Отидов по патот и гледам возило паркирано лево. Чудно ми беше што некој паркира автомобил долу покрај тесниот пат, раскажува тој.
Рибарот додава дека гледајќи во автомобилот не го забележал веднаш обесениот Енес, туку прво погледнал во реката Уна, за да види дали некој се удавил.
– Само по неколку секунди погледнав лево и видов цигари и клучеви од автомобил на кровот. Во тој момент погледнав кон дрвото и видов обесен човек, дрвото беше високо неколку метри – раскажува тој.
Вели дека најверојатно се обесил денот кога го извршил убиството, бидејќи телото веќе ја променило бојата. Рибарот ја известил полицијата која многу брзо дошла и ја продолжила истрагата.
Be the first to write a comment.