Денеска (11.10.2022) во 09.00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на Церовски мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф”, со охридски регистарски ознаки, што го управувала М.П.(21) од Кичево и мотоцикл „сузуки”, со корејски национални ознаки, управуван од К.Ј.И.(72), државјанин на Република Кореја.
Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а М.П. со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
Be the first to write a comment.