Возачот Горан Р., кој доцна синоќа со сопатниците Светлана П. и Слободан Т. загина во судир на Панчевачкиот пат во Србија, во последните 10 години имал 60 сообраќајни прекршоци, објави утрово српски Новости.
Лекарите се уште се борат за животот на Томислав П., на кого му е констатирана фрактура на вратниот пршлен и повреда на белите дробови. Потсетуваме, до несреќата дошло кога патничкиот автомобил „фиат мултипл“ со сета сила удрил во столб.
Се уште не е познато зошто Горан Р. изгубил контрола над возилото.
На местото на несреќата синоќа покрај полицијата и итната помош имало и припадници на противпожарната единица кои од возилото ги извлекле жртвите и повредениот сопатник.
Телата на жртвите се пренесени во Институтот за судска медицина.
Be the first to write a comment.