Во изминатите три дена, вклучувајќи го и последново покачување на цените на нафтените деривати, бензините поскапеа за 14 денари, а цената на дизел-горивото се покачи за 11 денари за литар
Од вечерва на полноќ бензините поскапуваат од два до два и пол денари за литар, а цената на дизелот останува иста, односно денеска нема да се менува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на еуросупер БС-95 се зголемува за два денари за литар и ќе чини 109 денари, а на еуросупер БС-98 се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 111,5 денари за литар.
Цената на еуродизел (Д-Е V) денеска не се менува и останува 99,5 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за три денари и од утре ќе се продава за 98,5 денари.
Во Словенија бензинот 95 денари, дизелот 102 денари
Зголемувањето на цената на горивото е актуелно прашање и во Хрватска, но и во другите земји во регионот. Во Хрватска, цената на бензинот изнесува 114 денари, додека на дизелот 110 денари.
Новинарите од N1 ги проверуваа цените на горивата во Србија, БиХ и Словенија. Репортерката на N1, Ива Лачан од Љубљана, вели дека во моментов литар бензин чини 95 денари, а дизелот 102 денари.
Ова се регулирани цени, нерегулираната цена би била повеќе од две евра. Овие цени се такви бидејќи словенечката влада ги регулира цените на горивата од 11 мај и тоа трае веќе три месеци.
Состојба со горивото во БиХ: „Цените растат, а од државата нема одговор“
Новинарката Александра Тољ се јави од Сараево и рече дека цените растат и дека нема одговор од државата.
Утрово со најскапи цени на бензинските пумпи е дизелот чиј литар надмина 98 денари. Цените растат, а од државата нема одговор и неизвесно е како ќе се развива состојбата во наредниот период. Иницијативата во парламентот за намалување на цените не помина. Граѓаните се загрижени за ваквата состојба, поскапуваат сите основни прехранбени производи. Литар масло е околу три евра, шеќер едно евро, сол половина евро, се поскапе“, објави Тољ.
Во Србија литар дизел 106 денари, бензинот 83
Од Белград се јави Димитрије Ѓуриќ и нагласи дека и српската влада ги ограничила максималните цени. Српската влада ја продолжи постојаната уредба за ограничување на цените во март до крајот на јуни годинава. Максималната цена на дизелот е 106 денари, а на бензинот 83 денари.
Во Бугарија бензинот се продава по цена од 98 денари, додека дизелот по цена од 101 денар.
Во Грција бензинот се продава по цена од 140 денари, додека дизелот по цена од 114 денари.
Be the first to write a comment.