Најмалку осум луѓе загинаа, а 24 се повредени во првите руски ракетни напади на Киев од јуни, а експлозии утрово се регистрирани и во други украински градови.
„Сите загинати се цивили кои се возеле или движеле во центарот на Киев. Запалени се шест автомобили“, изјави советникот на украинското министерство за внатрешни работи Ростислав Смирнов.
Градоначачникот Витали Кличко потврди дека се погодени централни делови од градот.
„Проектилите погодија критична инфраструктура. Терористите го нападнаа главниот град“, напиша Кличко на Телеграм.
Во еден од најобемните руски напади од почетокот на војната, денеска се ракетирани и западните градови Лавов, Тернопил и Житомир, како и Днепар и Кременчук во централниот дел на земјата.
Ова следува само два дена по нападот на единствениот мост што ги поврзува Русија и анектираниот полуостров Крим, за што Владимир Путин ги обвини безбедносните служби на Украина.
Be the first to write a comment.