Сузана Будимировиќ од Вршац, мајката на двегодишното девојче Петра Будимировиќ, кое во вторникот беше удавено од нејзиниот татко Марко во кадата на детето, кој потоа се обеси, тврди дека службениците од институциите до кои се обратила како жртва на повеќегодишното насилство на нејзиниот сопруг, не ѝ поверувале, иако ги предупредила дека може да се случи убиство.
– Ќе кажам се низ што поминав и колку на жените не треба да им се верува. Јас сум борец и се ќе издржам, заради Петра, да спасам други деца и жени. Ќе го кажам секое име, секој што ме прими и со кого зборував. Само да не им се случи на другите. Тоа не смее да остане неказнето. Колку пропусти, колку неверувања кон една жена, уште требаше да ме пратат во психијатриска болница да ме „спакуваат“. На сите им кажав дека ова ќе се случи. Реков уште првиот ден – изјави Сузана на протестот организиран вчера во Вршац.
Стотици граѓани на Вршав неколку часа протестираа пред Центарот за социјална работа, Основниот суд и полициската станица со барање да се истражи целиот случај за да се пронајдат виновниците во институциите, поради чии пропусти се случи страшното дело.
Be the first to write a comment.