Четири члена на едно семејство кои биле киднапирани се пронајдени мртви на фарма во Калифорнија, изјави шерифот на округот Мерсед, пренесува ABC News.
Осуммесечната Арохи Дери, нејзините родители Јаслин Каур (27), Џасдип Синг (36) и вујкото на бебето Амандип Синг биле киднапирани во понеделникот.
Мотивот за киднапирањето и убиството засега не е познат, а увидот на местото на злосторството се уште е во тек. Осомничен е Хесус Мануел Салгадо (48). Тој се обидел да се самоубие во вторникот и е во критична состојба.
Во понеделникот во 8:30 часот, Џесдип Синг пристигнал во семејниот бизнис, а неколку минути подоцна и неговиот брат Амандип Синг. Потоа виделе некој како оди по автопатот во близина. Тоа бил осомничениот, а Џесдип Синг потоа имал контакт со него. Осомничениот потоа извадил пиштол и влегол во бизнисот.
Во 9:11 часот, видеото покажало дека се отвора задната врата и вооружениот осомничен излегува, изјавија официјални лица.
Џејсдип и Амандип Синг биле видени како излегуваат од зградата, очигледно со рацете врзани зад грб и седнати на задното седиште. Осомничениот ги однел на непозната локација, а потоа по неколку минути се вратил на паркингот на претпријатието и влегол внатре. Неполна минута подоцна, Џеслин Каур и нејзиното 8-месечно бебе излегле со него, а потоа и нив ги однел.
Канцеларијата на шерифот во вторникот објави дека автомобилот на Амандип Синг бил пронајден како гори пред пладне во понеделник. Шерифот рече дека верува дека најмалку уште едно лице било вмешано во злосторството.
Be the first to write a comment.