Многу жени секојдневно се изложени на бесмислени критики и грди коментари, особено кога работат на телевизија, а тоа на своја кожа го почувствува една позната водителка на временска прогноза во емисијата „Добро утро Америко“.
Џинџер Зи се соочи со недолични непримерни коментари на социјалните мрежи, откако еден корисник на Твитер ѝ напиша дека изгледа и се облекува како проститутка.– Џинџер Зи, се облекува и позира како пензионирана стриптизерка која станала шетачка – напишала личноста која се претставува како „Лајонс“ на Твитер.
Сепак, на овој навредлив „твит“ водителката возврати со насмевка. Ми недостигаа овие остри критики на Твитер во последно време. Ви благодарам што ме насмеавте, напиша таа, а потоа објави серија фотографии на кои се гледа како всушност таа изгледа пред камерите.
– Сега кога ја измисливте оваа приказна, може ли да ми кажете кога дојдов на ред да излезам меѓу проститутките? И како влегов во студиото „GMA“? – ја прашува таа неименуваната личност и додава:
– Ако ова го носи стриптизета која станала проститутка… тогаш веќе немам коментар и немам врска со тоа – нагласила Џинџер.Водителката освен пишаниот одговор, сподели уште една фотографија на која позира во студиото во црно-бело карирано здолниште до колена, бела кошула, црн џемпер и исти такви салонки.
Зи доби поддршка од јавноста и многумина се согласија дека таа секогаш изгледа елегантно и убаво, и дека веројатно многумина се во заблуда оти морала да работи којзнае што за да се вработи на телевизија. Некои од корисниците го поддржаа нејзиниот груб однос кон „троловите“, посочувајќи дека тоа е повеќе од оправдано. Џинџер на сите им одговори дека таквите ситуации ја забавуваат, дека не ја нервираат.
Инаку, ова не е првпат познатата водителка да се соочува со злонамерни коментари. Пред две години на Твитер имаше објава на една корисничка која напиша дека „нејзината стилистка треба да биде отпуштена бидејќи нејзината шминка е ужасна и потсетува на лошитот панк од 80-тите“.
А, Џинџер на неговиот натпис сталожено одговори велејќи: „за жал, не може да го отпушти својот стилист затоа што тоа е таа“. Таа, исто така, повика да не се врши притисок врз жените да бидат слаби, откако една личност ја нарече „тенка“. Таа откри дека во тинејџерските години се борела со анорексија и дека таквите коментари може да влијаат на нејзиното нарушување во исхраната.
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.