„Половина естрада“ се собра на свадбата на Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ, а меѓу нив беше и пејачката Александра Пријовиќ.
Александра за оваа пригода облече провокативен фустан со кој го истакна своето деколте, а друштво ѝ правеше братот на нејзиниот сопруг, Филип Живојиновиќ, Виктор.
Необичен фустан избра и сопругата на фудбалерот Милан Борјан, Снежана Борјан.
Снежана се снимапе во огледало пред да замине на венчавката и откри дека креацијата опкружена со кристали е провидна, а многумина се запрашаа дали носи нешто под фустанот.
Анастасија Ражнатовиќ блесна во беж фустан со циркони.
Додека актерката Мирка Васиљевиќ, која дојде во придружба на својот партнер Вујадин Савиќ, избрала црн фустан.
Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш дојде во сив костум, а Зорица Брунцлик блесна во црно-сива комбинација.
Грујиќ по црковната венчавка рече дека изјава ќе дава пред хотелот и дека не ја гледа причината зошто тоа е проблем.
Ваквиот став ги изненади сите, особено припадниците на седмата сила, со оглед на тоа што во име на семејствата Грујиќ и Гобељиќ беа поканети да присуствуваат на свадбата и дека им беше ветена изјава.
Исто така, кога малку подоцна новинарите дошле пред хотелот во кој се одржува свадбената веселба, обезбедувањето на младенците ги избркало со објаснување дека тоа било барање на пејачката.
Во еден момент пред хотелот се појави Марко Гобељиќ кој ги поздрави новинарите, но и најави дека веселбата ќе трае до утринските часови.
Be the first to write a comment.