Двегодишно момче загина во страотен пожар кој вчера избувнал во семејната куќа во Бачки Петровац, каде малото момче останало само. Пожарот наводно настанал затоа што се запалило тенџере на шпоретот, а таткото со кој живеело детето во тој момент бил на лекар со другото дете.
Малото момче било пронајдено во онесвестена состојба, а починало во Детската болница во Нови Сад.
Тетката го нашла детето
– Таткото на момчето отишол да го земе постарото дете, кое било на маратонот во Бачки Петровац, бидејќи таму се повредило. Продолжил со него на лекар, а на тетка му, која вообичаено му помагала со децата, ѝ рекол дека оди кај него дома да го посети неговиот помал син. Детето не било само дома ниту 15 минути – вели изворот.
– Кога влегла жената затекнала онесвестено дете и куќа во пламен. Таа веднаш ги повикала лекарите, но и таткото на момчето. Малото момче иако во најбрз можен рок било префрлено во Детската болница во Нови Сад, по борбата на лекарите за живот таму починало – вели извор за српските медиуми.
Телото на детето е однесено на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад, каде ќе се утврдува точната причина за смртта.
Таткото занемел од болка
– Кутриот татко, човекот не можеше да се опорави од болката. Тој живее со две деца овде во селото, додека неговата поранешна сопруга отишла во друго село. Таа вчера по трагичната смрт на нејзиното најмало дете објави црна слика на Фејсбук, а нејзините пријатели изразија сочувство – велат мештаните.
Соседите на семејството велат дека таткото се грижел за синовите најдобро што знаел и можел.
– Се грижеше за нив колку што можеше, имаше поддршка и од семејството. Момчето беше убаво како кукла, русокосо, добро, мирно. Не беше палав, мирно и добро дете кое не беше склоно кон пакости. Каква трагедија е ова – велат соговорници за српските медиуми.
Be the first to write a comment.