Невообичаена сообраќајна несреќа се случила во вторникот кај селото Дриновци во Босна и Херцеговина во која учествувал камион, јавува порталот „Груде онлајн“.

Несреќата се случила околу 11:45 часот. Како што можете да видите на видеото, камионот кој доаѓал кон бензинската пумпа не застанал на време, па со задниот дел удрил во фрижидерите кои стоеле напред.

После тоа настанал хаос. За среќа нема повредени, а има поголема материјална штета. На видеото се гледа и работник на бензинската пумпа, кој во моментот на несреќата бил во објектот, но за среќа на безбедно растојание.