Трет ден се трага по 22-годишниот кумановец Е.Р. кој со возило падна во реката Вардар кај Желино, тетовско. Таткото на момчето, Насер Рамадани ги повика институциите да го најдат син му – жив или мртов.
Рамадани во изјава за „ТВ21“ вели:
„Повикувам да ми го пронајдат син ми. Задоволен сум од селаните, многу придонесоа“.
Таткото за несреќната вест дознал од својот брат.
„Бев на работа и ми кажа дека направил сообраќајка и дека паднал во вода. Вчера чекавме од 5 часот, а претставници на институциите дојдоа во 12“, вели Рамадани и додава дека надлежните се на терен, повеќе од вчера.
Целата изјава на таткото на исчезнатото 22-годишно момче, погледнете ја во продолжение:
Be the first to write a comment.