Десетици пожарникарски и возила на итната помош вечерва се упатени на главниот лондонски аеродром, „Хитроу“, откако два патнички авиона се судриле на пистата, јавуваат локалните медиуми.
Инцидентот се случил вечерва околу 20 часот по локално време, а се знае само дека во него учествувале авионот на „Кориан Ер“ на летот KE908, кој удрил во авион на компанијата „Ајслендик“. Полицијата сѐ уште официјално не се огласи за несреќата.
На Твитер се појавија снимки од местото на инцидентот, во кој за малку е избегната голема трагедија.
Патници информираа дека авионот на корејската авиокомпанија ја зафатил опашката на другото летало, кое било од исландската компанија „Ајслендик“.
Аеродромот потврди дека се случил „помал судир“, наведувајќи дека не се работи за сериозен инцидент, како и дека амбулантните и пожарникарските возила се испратени за секој случај, „за да се осигураат дека сите патници и членови на екипажот се безбедни и здрави“. Официјално, никој не е повреден во инцидентот.
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.