„Во моментов сме во интензивни преговори со компанијата „Лидл“ да го гради во Куманово нивниот логистички центар на локација во индустриската зона Новини и Речица“. Ова денеска го најави градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, на 13-тата седница на Советот на општината. Димитриевски информираше дека за оваа идеја на компанијата „Лидл“ е информирана и Владата.
„Се обидуваме да изнајдеме начин во оваа локација да ги укрупниме парцелите, бидејќи се работи за огромна површина, некаде 20 хектари земјиште на коешто треба да биде изградена инвестиција од приближно 75 до 80 милиони евра, што верувам значително ќе значи за нас и за кумановското стопанство. Со реализација на една таква инвестиција, впрочем нивните пресметки кажуваат дека само на таа локација дневно ќе се движат околу 150 товарни возила и ќе дава огромна логистичка поддршка самиот центар, а ќе бидат вработени некаде до 300 луѓе“, рече Димитриевски.
Тој истакна дека веќе има добиено две писма со намера за инвестиција од страна на компанијата „Лидл“ во Куманово.
Be the first to write a comment.