Македонскиот ракомет е завиен во црно по смртта на Андон Бошковски, а трагедија го потресе и нашиот северен сосед.
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Србија, загина 34-годишната ракометарка Марија Павловиќ.
Од нејзиниот клуб Темерин ја потрдија информацијата за смртта на Павловиќ која го бранеше голот на низа српски екипи.
Павловиќ во својата долгогодишна кариера настапуваше за екипите на Слога, Милениум, Инџија, Јуниор, Петроварадин, Младост Нова Пазова…
Be the first to write a comment.