Според неофицијални информации на РТС, деветгодишно момче од петчленото семејство Аметовиќ, кое живее во селото Радаљ кај Мали Зворник, се задушило поради дефект на генераторот.
Во селото Радаљ кај Мали Зворник, според неофицијални информации, утрово од дефект на генератор се задушило деветгодишно момче Н.А.
Таткото (39) на момчето е на одделението за интензивна нега во општата болница во Лозница, додека во тешка состојба е и сестрата (11) на починатото момче.
Полицијата е на терен, како и надлежното обвинителство. Петчленото семејство Аметовиќ живее во исклучително лоши услови, објави РТС.
За четирите малечки се грижи триесет и осумгодишен татко, кој поради болест не може да ги работи работите со кои до неодамна го издржуваше семејството.
Полицијата е на терен, како и надлежното обвинителство.
Be the first to write a comment.