Малолетник без знаци на живот денеска е пронајден во каналот „Ибар-Лепенац“ во селото Ваганица, во јужниот дел на Косовска Митровица.
Портпаролот на Регионалната управа на косовската полиција во Косовска Митровица, Авни Захити изјави дека телото на малолетникот било пронајдено околу 17 часот и 50 минути.
– Надлежните единици и медицинската екипа излегоа на лице место каде е констатирана смрт на жртвата – изјави Захити за приштинските медиуми.
Be the first to write a comment.