Покани за погребот на кралицата Елизабета Втора не се испратени до адресата на три земји: Русија, Белорусија и Мјанмар, додека Иран ќе биде присутен само на ниво на амбасадор.
Русија најверојатно не е поканета поради руската инвазија на Украина, а Белорусија бидејќи ја поддржа инвазијата, дозволи користење на нејзина територија за напади на Украина и учество во воени вежби со Русија.
Мјанмар доби западни санкции по државниот удар со кој беше отстранета владата на Аунг Сан Су Кји во февруари минатата година. Исто така, воениот режим одржува пријателски врски со Русија и нејзините генерали во неколку наврати ја посетија Москва откако почна војната во Украина.
Се очекува на погребот да присуствуваат околу 500 претставници од целиот свет, а многу држави ќе бидат претставувани од лидерите на земјата, со право да доведат уште еден гостин.
Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде еден од најголемиот по бројот на присутни државни лидери.
Be the first to write a comment.