Четиригодишното девојче кое се здоби со тешки изгореници во сообраќајна несреќа што се случи пред две недели на патот Бања Лука – Прњавор, почина во Институтот за мајки и деца во Белград, потврдија за „Независне“ од повеќе извори.
Девојчето е третата жртва на тешката сообраќајна несреќа која се случи пред две недели, во која животот го загубија нејзината мајка и сестра, додека таткото е тешко повреден.
Од Окружното јавно обвинителство Бања Лука велат дека надлежниот обвинител бил известен дека девојчето починало.
Инаку, припадниците на хеликоптерската служба на Република Српска ден по несреќата го пренеле девојчето од Бања Лука во Белград на понатамошно лекување, со оглед на тоа што по несреќата таа се здобила со изгореници од втор степен кои зафатиле 70 отсто од телото.
До несреќата дошло кога возилото на семејството на жртвите се приклучувало на магистрален пат. Друго возило кое доаѓало од правец на Прњавор без кочење удрило во возилото на несреќното семејство, при што дошло до експлозија и палење на резервоарот за бензин.
На видеото кое го објави Prnjavor.info се гледа моментот на сообраќајната несреќа. Автомобилот се запалил токму во моментот на несреќата, што може да се види на видеото.
Be the first to write a comment.