Американскиот тенисер Френсис Тијафо ја оствари најголемата победа во кариерата откако во осминафиналето на УС Опен го елиминира Рафаел Надал. Вториот носител на гренслем турнирот во Њујорк, загуби со 3:1 во сетови.
Тијаго го освои првиот сет со 6:4 во гемови, но Надал возврати во вториот сет и сите очекуваа дека ќе продолжи со фуриозна игра. Сепак, така не мислеше и Френсис Тијафо. Ги доби следните два сета со 6:4 и 6:3.
„Не можам да верувам. Ова е така специјален ден за мене. Бев ментално подготвен да се соочам со Рафа, тој е еден од најголемите во историјата, а ја имав и поддршката од публиката“, изјави Френсис Тијафо по големиот триумф.
Во женска конкуренција, Ига Швјонтек со 2:1 во сетови ја победи Џул Нимајер и се пласира во четврт-финалето.
Be the first to write a comment.