Националната метеоролошка служба на Грција издаде метео предупредување, за влошување на временската состојба до денеска попладне.
Прогнозата предвидува локализирани обилни дождови и невреме во северна и централна Грција, кои ќе бидат придружени со грмежи, град и силен ветар.
До денеска претпладне поројни дождови и невреме се предвидуваат во западна и централна Македонија, силно невреме од раните утрински часови ќе ги зафати Тесалија, Споради и постепено северна Евија, Беотија и Фтиотида.
Генералниот секретаријат за цивилна заштита ги извести надлежните органи да бидат на готовност за итно соочување со последиците од појавата на интензивни временски непогоди.
На граѓаните им се препорачува да бидат особено внимателни.
Be the first to write a comment.