Академската 2022/2023 година само што не започнала, а матурантите кои сакаат да се запишаат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, вчера и денес може да се пријават за упис во прва година. Ова воедно е и првиот рок за пријавување.

Од сите факултети, најголем интерес има за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Тоа можевме да го видиме по фотографиите кои од вчера почнаа да кружат на социјални мрежи, но и од оние кои ги објавија на Фејсбук страницата на самиот факултет.

Во редица долга неколку метри, ако не и километар, иднините студенти со часови чекаа за да ги остават своите документи. Исто како и претходните години, трендот кај младите да студираат на ФИНКИ продолжува, а тоа доаѓа од тоа зголемената побарувачка во ИТ секторот.

📸

📸

📸

p

📸