„Едвај чекам да дојде полиција, сакам се да заврши“, биле првите зборови кои 27-годишниот италијански фудбалер Џовани Падовани ги изговорил по убиството на неговата поранешна партнерка, 57-годишната Алесандра Матеучи.
Во вторникот на 23-ти август, фудбалерот и модел од Анкона два часа ја чекал Матеучи на влезот од зградата во која живеела жртвата, во предградие на Болоња. Тој отпатувал порано со авион од Сицилија, каде што живее и игра фудбал за локален тим.
Кога 57-годишната се вратила во нејзината резиденција, околу 21.30 часот (по локално време), младиот човек ја изненадил. Почнал да ја удира со раце, а потоа со чекан и со „други остри предмети“ при што тешко и ја повредил главата додека таа викала да престане и повикала помош. Соседите притрчале да ѝ дадат прва помош на Матеучи и повикале брза помош и полиција. Несреќната жена непосредно пред пристигнувањето на брзата помош им подлегнала на повредите, додека убиецот чекал на местото на настанот полицијата да го уапси.
„Ја слушнав како вика „помош, Џовани те молам не!“, им рекла сестрата на Матеучи на полицајците додека двете жени разговарале на телефон додека 27-годишниот ја нападнал својата поранешна партнерка. Стефанија Матеучи за италијанските медиуми изјави дека нејзината сестра се плашела од 27-годишникот.
Според неа, 27-годишникот претходно физички не ја малтретирал жртвата, туку бил љубоморен на својата партнерка и се однесувал љубоморно кршејќи садови и фрлајќи чаши кон неа. Кога таа не одговарала на неговите повици, тој се јавувал на нејзиното семејство и им кажувал навредливи зборови.
Против 27-годишникот, жртвата имала поднесено пријава за привремена мерка на недоближување. Соседите, кои зборувале за италијанските медиуми, изјавиле дека парот бил заедно една година. Тој живеел во Сицилија, а таа живеела и работела во Болоња. 57-годишната Алесандра бил претставничка во модна куќа за женска облека. Младиот човек често патувал од Сицилија до Болоња и престојувал кај жртвата.
Но, 27-годишникот почнал да станува опсесивен и во јануари таа го замолила да ја прекинат нивната врска. Потоа, убиецот почнал да ја демне 57-годишната жена и според соседите, тие двајца често се карале во куќата на жртвата.
На 29 јули, Матеучи поднела барање за забрана за доближување за да се заштити од Падовани. Но, иако обвинителството отворило истрага за случајот, забраната за долижување не била изречена бидејќи полицијата чекала да испита сведоци, а случајот се олговлечил поради нивното отсуство со летните одмори. Се чекало да се комплетира извештајот што ќе требало да се достави до надлежниот суд.
57-годишната Алесандра Матеучи, позната како Сандра за нејзините пријатели, беше многу активна на социјалните мрежи. Таму го запознала и својот убиец пред една година. Таа често се фотографирала пред огледалото како пробува облека и чевли. Сепак, нејзината професија беше поврзана со модата бидејќи работела како претставник во куќа за облека во Болоња.
Според италијанските медиуми, големата разлика во години на двојката изгледа не била пречка во нивната врска. Но, кога тој станал посесивен кон партнерката, таа се исплашила од него и го замолила да ја напушти куќата.
„Многу се плашеше од него бидејќи стана посесивен и не сакаше да го пушти да влезе дома“, рекол сосед на 57-годишната жена.
Be the first to write a comment.