Нина Ниќифоровиќ (34) загина во превртување на автобус кај Лесковац. Несреќната девојка била водич на група туристи, а во несреќата се повредени 27 патници. Нејзините колеги и пријатели во шок и неверување коментираат за нејзиниот статус на Фејсбук, со кој велат дека ја „претчувствувала трагедијата“.
Нина починала на лице место, а нејзината сестра Наташа се’ уште не може да поверува дека ја нема.
– Што да ви кажам? Таа беше најгрижливата, најемотивната и најважната личност во мојот живот. Срцето ми се скрши кога ја дознав тажната вест – вели самата сестра Нина, неутешната Наташа Ниќифоровиќ.
Таа додава дека „Нина ја имала најубавата насмевка и дека сите ќе ја паметат по нејзината добрина“.
– Нина е родена во Сента, каде што заврши гимназија и Правен факултет во Нови Сад. За време на средношколските денови живеепе во Кањижа, а потоа се пресели во Нови Сад, каде што остана. Таа отсекогаш беше авантурист во душата, по што доби лиценца за туристички водич. И летово почна да води турнеи, вели Наташа за српски Курир и наведува дека никој официјално не го известил семејството Ниќифоровиќ дека Нина починала.
Трагичната вест им ја соопштиле момчето на Наташа и роднина кои за трагедијата дознале преку медиумите.
– Кога го слушнавме тоа, се јавивме во полиција и во болниците во Ниш и Лесковац за да дознаеме дали е вистина. И на крајот ни ја потврдија најлошата вест – изјави Наташа.
Полицијата вчера соопшти дека на возачот Миле Ж. (57) му одредила притвор до 48 часа, по што ќе биде сослушан во Основното јавно обвинителство поради сомнение за сторено тешко кривично дело против безбедноста во сообраќајот.
За тоа дека автобусот можеби не бил во исправна состојба пишуваат и граѓани во Фејсбук групата „Грвија -група за туристи“, а една жена напишала дека загинатата Нина Ниќифоровиќ била единствената коректна и професионална личност при кобното патување.
-Нови Сад го напуштивме на 19 август со задоцнување од 45 минути. Автобусот се расипа кај Врање. Беше црна темница. Самите возачи се обидуваа да направат нешто со помош на светлото од мобилниот на Нина. Го чекавме мајсторот од Врање саат време. Сите патници беа нервозни. Кутрата Нина не’ тешеше дека помошта ќе дојде наскоро. Сите три каиши се скинале. Значи автобусот тргнал без техничка контрола. Дојде мајсторот и го смени едниот каиш за да може автобусот да продолжи. Останавме без клима – напишала жената и додала дека водичот Нина им се извинила на сите за лошото патување.
– На крајот Нина ни рече: „Блазе си ви Вас, и јас веднаш се враќам со овој автобус. Само да стигнам жива и здрава“. За жал, Нина не се врати. Нека ја чуваат ангелите!
„Вози ме до ѕвездите“
Нејзините колеги и пријатели во шок и неверување коментираат за нејзиниот статус на Фејсбук, со кој велат дека ја „предвидела трагедијата“.
Нина објавила фотографија од пар како вози автомобил, а на неа пишува: До каде госпоѓице? До ѕвездите! Како нешто да претчувствувала, раскажува нејзината пријателка
– Го сакаше животот и патувањето! Туризмот беше нејзиниот живот. Еден нејзин статус на Фејсбук ни го привлече вниманието, што не’ растажи. Таа објави фотографија од пар кој вози автомобил низ прекрасно село, со натпис: „До каде госпоѓице? До ѕвездите!“. Како да претчувствувала нешто, вели соговорничката.
Be the first to write a comment.