Почина уште една скопска легенда, Сашо Пижевски Пиже, познат и како Кројачот од Панама. Почина ненадејно, на 57-годишна возраст, на истиот ден на кој пред 4 години почина и неговиот другар Горан Атанасов-Зеко.
На 57 годишна возраст вчера ненајдено почина Сашо Пижевски – Пиже, скопски урбан лик, основач и сопственик на порталот „Кај мајка ти и татко ти“ и еден од сопствениците на кафулето со истото име.
Роден е во Дебар Маало, а младоста и животот ги помина во Влае. Тој беше еден од главните креатори на скопскиот забавен живот од 80-те години до денес, беше член на легендарната „Хавана бенд“, основана на почетокот на 90-тите години, заедно со Игор Џамбазов и Горан Атанасов – Зеко. Едни од нивните најпознати песни се „Шток ми бејби“, „Нема спас“, „Дај ми, жити сѐ“…
Пред четири години, 2018, на ист ден, 17 мај, почина неговиот близок пријател и член на Хавана бенд, Зеко.
Од неговите бројни пријатели меѓу првите се огласи Игор Џамбазов со порака на Инстраграм. Неговиот соученик од младоста и долгогодишен пријател Драган Спасов Дац на својот Фејсбук напиша:
„Тага, голема тага…Не знам како е таму, ама знам дека журката е се појака. Се собира друштвото“. „Годину по годину све нас мање има ту“.
Неколку часа пред смртта, на својот Фејсбук профил Пиже се потсети на својот другар и објави заедничка фотографија под која напишал:
„Со Диме и Зеко у Езерце у парк…негде средина на 80-ти…Шо би рекол Ристо Компир година две покасно у Градиште, кај ви е БУШАВИОТ? Ете нека биде сеќавање на тоа убаво време, Диме ем шанкер у Маџо, а пред и после работа си продужуеме заедно. Летовањето у Градиште 86-та, со фичото на Џовани, Шпана, Зеко и Ја, а Асма со камион ни ги донесе стварите(фрижидер, шпорет и неколку пакети Шток пошто мислевме ќе ни стигнат). Останавме неколку месеци, ШТОК снема и у Охрид, а еднаш неделно идевме у Скопје да искраме по една шорба, да зееме пари и да купиме шток…Еве една фотка и КОСИЈАНЕР дур беше Зеко…Не само со Шпана туку и со други наши блиски скоро секој ден ќе те спомнеме. Фалиш пријатељу фалиш, сеа со Шпана ќе идеме заедно па секој ден праиме припреми и од уста не те вадиме. Имам една слика коа бевме заедно у Африка, т.е у Тунис, тројцата прв пут…Ти ги глеаш луѓево и викаш, а бе пријатељу па овие црнциве не биле толку црни…сме ја утнале Африката, не отидовме у црната..“- напиша Пиже, постирајќи и заедничка фотографија од младоста.
Be the first to write a comment.