14-годишно момче се удавило во базен на хотел во Анталија, пренесува „Дејли Меил“. Семејството на момчето го обвини хотелот поради немањето на спасувачи на базенот, кои според нив, можеле да го спасат детето.
Во луксузниот хотел со 311 соби како гости на свадбата престојувале неколку членови на истото семејство.
Момчето се удавило во еден од петте базени под сè уште неразјаснети околности, а очевидци велат дека шанкер го забележал во водата и го извлекол на суво. На момчето му била укажана прва помош и вештачко дишење, и било пренесено во болница, но за жал било предоцна.
Семејството и сведоците тврдат дека на базенот немало спасувачи иако било еден часот попладне. Спасувачите наводно отишле на ручек. Хотелот ги негира овие наводи.
„Со тешко срце потврдуваме дека нашиот млад гостин почина додека пливаше со тетка му на нашата главна плажа. Од почит кон семејството, нема да даваме дополнителни изјави додека не бидат објавени резултатите од обдукцијата. Категорично ги отфрламе обвинувањата за немање спасители“ – изјавил портпаролот на хотелот.
Be the first to write a comment.