На социјалните мрежи се шири фотографија од една од најубавите плажи во светот – заливот Навагио во Грција, а многумина се разочараа откако го видоа количеството отпад што го оставија туристите.
Камчестата плажа Навагио се наоѓа во истоимениот залив, кој е украсен со бели карпи и тиркизни нијанси на синото Јонско Море, а до него може да се стигне само со брод.
Се наоѓа на островот Закинтос, а важи за „заштитно лице“ на разгледниците и привлекува огромен број туристи. Но, туристите и гужвите кои таму преовладуваат во текот на летото имаат негативна страна.
Неодамнешната фотографија од оваа идилична локација ги разочара корисниците на социјалните мрежи поради количината на ѓубре најдено на неа.
Екологот Михалис Бакас ја објави фотографијата на својот Фејсбук профил и се запраша како може туристите да бидат толку несовесни.
„Грчко лето 2022. Не можам да разберам како можеш да платиш за да одиш на една од најубавите плажи во светот на неколку часа и да го оставиш ѓубрето таму“, напиша тој.
Шефот на островот Никитас Аретакис за локалните медиуми објасни дека до неодамна плажата била во надлежност на општината и дека тие го отстранувале ѓубрето, но тоа веќе не е така и дека тоа не е нивна одговорност.
Be the first to write a comment.